Работникот паднал од столб.
На 20.06.2019 околу 13.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека во селоТребеништа, охридско, при отстранување на стара инсталација од столб за изградба на автопатот Кичево-Охрид, Ј.М.(34) од Битола се здобил со тешки телесни повреди.
– Тој бил пренесен и задржан во болницата Св.Еразмо во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
