Малолетникот бил повреден на концертот на Спортскиот во Охрид.
На 31.07.2019 год. во 01,30 часот. на СРЦ „Билјанини Извори“ за време на одржување на концерт, забележано е повредено лице кое веднаш е префрлено во Општа болница Охрид.
– По преземени мерки констатирано е дека се работи за 17 годишно лице од Скопје со евидентирани повреди од остар предмет. Се преземаат мерки за расветлување на настанот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
