Минатата недела уапсен е маж кој пренесувал амфетамини.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.З.(49) од селото Кукуречани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
– На 03.09.2019 на Граничен премин ,,Свети Наум”, при преглед на патничко моторно возило управувано од пријавениот, биле пронајдени и одземени амфетамини, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
