Прокисна кровот на Заводот за дијализа

Прокисна кровот на Заводот за дијализа , пациентите место во болнички соби седеле по ходници.

 

На социјалните медиуми беше објавено видео од Заводот за нефрологија во Струга, каде што се гледа поплавената болница од вчерашното невреме. На видеото дел од пациентите сместени во овој центар се покриваат со најлони за да се заштитат.

Со години наназад немало некоја посериозна инвестиција во инфраструктурни зафати во овој регионален центар, поточно уште од 1985 година од кога е изградена болницата. Од болницата и претходно реагирале дека во моментов користат апарати за хемодијализа, стари десеттина години, и веќе на истите им поминувал рокот на употреба.

Минатата година во јули, при посетата на заменик-министерот за здравство Асим Муса беше најавено дека во следните денови ќе биде распишан тендер за реконструкција на покривот на Заводот за нефрологија во Струга.

Заводот за нефрологија и дијализа Струга е единствена болница од ваков тип во регионов и тука се лекуваат пациенти од цела Македонија. Исто така сеуште редовно доаѓаат и пациенти од Албанија.

Од општинската ВМРО ДПМНЕ веднаш испратија реакција во која бараат оставка од надлежните. 

-„Глетката во ЈЗУ Завод за нефрологија – Струга, е грозоморна.
Накиснатите тавани се пред распаѓање, собите во кои се сместени пациентите се поплавени, а пациентите лежат по ходниците!
Заменик министерот Асим Муса уште пред една година ветуваше дека ќе распише тендер за реконструкција на покривот. Но, повторно ништо од празните ветувања на Владата предводена од СДСМ!
Требаше вашата потпретседателка, Шеќеринска да ја однесете во Заводот за нефрологија за да види во колку нечовечки услови се згрижени нашите сограѓани, а не, на маалска средба со партиски војници!
Што друго би ви кажале, освен дека ,,БЛЕСКАТЕ” на сите полиња.
Се прашуваме, колку треба да сте нечовечни за да дозволите ваква мизерија и голгота да преживуваат пациентите!
Со ова веќе го пробивте дното! Оставка веднаш!
Ова е уште еден доказ за вашата безидејност и негрижа за институциите и граѓаните на Република Македонија.
Вашата ”ЌЕ” Влада ја втурна нашата држава во бездна!
Затоа народот ќе ви пресуди на предвремените Парламентари избори!“, стои во реакцијата. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани