Туристичките водичи во Охрид, организирано помагаат во собирањето на средства за лекување на нивната колешка Јана Арсовска од Охрид.
-„Акцијата за помош на нашата драга колешка Јана продолжува. Залепени се постери за донации насекаде во централното градско подрачје.
Добиена е дозвола за кутија за донации во црквите: Пресвета Богородица Перивлепта и Св. Јован Богослов – Канео.
Кутии за донации има и на бродовите Александрија и Александрија 2.
Би упатиле еден апел до сите колеги:
ДА ДОНИРАМЕ ДНЕВНИЦА ЗА ЈАНА!
Донациите може да се доставуваат и преку нејзиното семејство. Во прилог го објавуваме телефонскиот број на нејзиниот брат Филип +38978269941. Да помогнеме кој колку може!“, пишуваат туристичките водичи од Охрид.

33 годишната Јана Арсовска од Охрид веќе пет години се бори со тешка врста на рак. После три трансплантации во Германија , потребна е итна имунотерапија, која е прескапа и се добива во странство.
Храброста ја има да и дадеме сила и поддршка на нашата Јана. Донирајте драги луѓе.
