Aмериканскиот државен секретар Мајк Помпео доаѓа во Охрид.
Во рамките на својата посета на регионот, американскиот државен секретар Мајк Помпео, следната недела ќе допатува во Охрид. Тој ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев. Во Охрид ќе го посети манастирскиот комплекс „Св. Богородица Перивлепта“..
Помпео, од Македонија заминува за Атина, Грција, каде ќе се сретне со премиерот Киријакос Мицотакис и шефот на дипломатијата Никос Дендиас. Во Италија каде ќе се сретне со Папата Францис и ќе учествува на меѓуверски симпозиум организиран од Ватикан. Во Рим ќе има средби со претседателот Серџо Матарела, премиерот Џузепе Конте и министерот за надворешни работи Луиџи Ди Мајо. Во Црна Гора ќе има средби со претседателот Мило Ѓукановиќ, премиерот Душко Марковиќ и министерот за надворешни работи Срѓан Дармановиќ.
