Австриската Шпаркасе банка ги купи акциите на Охридска банка.
Со соопштение испратено до Македонска Берза, Охридска банка извести дека до Управниот одбор на банката официјално е доставена понудата за купување на акциите од страна на Штајермеркише Банк и Шпаркасен АД. Народната Банка веќе даде согласност австриската Шпаркасе да ги купи акциите на Охридска Банка, која што е дел од француската групација Сосиете Женерал. Со согласноста се создаваат услови за реализација на финалната фаза – купопродажните транскации. Французите минатата година објавија дека ќе се повлечат од регионот на Источна Европа, а освен од Македонија, се повлекуваат и од Албанија, Бугарија, Србија, Црна Гора и Молдавија. Причината била што во овие земји Француската групација не е меѓу најдобрите три банки според пазарниот удел.
