Стружанец криел кокаин во апартман во Охрид

Полицајците, 41 годишниот стружанец го „почастиле“ со кривична пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.М. (41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид „ во текот на септември 2019 бил извршен претрес во апартман на ул.,,Гоце Делчев“, каде престојувал пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани