Охридските и струшките советници одлучуваат за Колекторот

Охридските и струшките советници на седници денес одлучуваат за поделба на МЈП Проаква и формирање на ЈП Колекторски систем. 

 

Седниците со ист дневен ред се закажани во двете општини. 

Во општина Охрид:

  1. Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за поделба на МЈП ”Проаква” Струга со раздвојување со основање и раздвојување со превземање (комбинирана поделба).
  2. Предлог-одлука за давање согласност  на одлуката за усвојување на планот за поделба на МЈП ”Проаква” Струга и склучување на спогодба за присоединување кон ЈП Колекторски систем Скопје преку комбинирана поделба-  раздвојување со основање и раздвојување со превземање.
  3. Предлог- одлука за поделба на МЈП ”Проаква”Струга преку комбинирана поделба- со раздвојување со основање и раздвојување со превземање.

Во општина Струга

  1. Одлука за Поделба на МЈП „Проаква„-Струга, со раздвојување со основање и раздвојување со преземање (комбинирана поделба).
  2. Одлуката за усвојување на Планот за поделба на МЈП „ Проаква „ – Струга, и склучување на Спогодба за присоединување кон ЈП Колекторски систем – Скопје, преку комбинирана поделба – раздвојување со основање и раздвојување со преземање.
  3. Одлука за распределба на финансиски средства  на МЈП „Проаква„ – Струга, (Од Републички буџет).

-План за поделба на МЈП „Проаква„-Струга, од  30.06. 2019 година

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани