„Лонли планет“ (Lonely planet) ја вброи Македонија на третото место меѓу десет дестинации кои треба да се посетат во 2020 година.
Во препораката се наведува дека таа е веќе позната по гастрономијата, античката традиција, култура и природа, а нова причина да се посети идната година се и дополнителните летови до Охридско Езеро заштитено УНЕСКО, како и патеката „High Scardus Trail“ од 495 километри покрај најдраматичните врвови во регионот.
Во топ 10 туристички дестинации на листата на „Лонли планет“ за 2020 година, на прво и второ место се Бутан и Англија, а по Македонија , од 4 до 10 место се препорачани: Аруба, Свазиленд, Костарика, Холандија, Либерија, Мароко и Уругвај.омпанијата за туристички водичи „Лонли планет“ (Lonely planet) ја вброи Северна Македонија на третото место меѓу десет дестинации кои треба да се посетат во 2020 година.
