Несекојдневната забава ќе биде утре на 5 кат во „Sky Corner“.
По безбројните незаборавните вечерни забави, ексклузивниот хотел во стакло „Sky Corner“ најавува нова и несекојдневна дневна забава. Стартот е во недела, на 27 октомври во 11 часот, на петтиот кат од супер модерниот хотел, од каде се пружа прекрасен импресивен панорамски поглед кон чаршијата, према стариот град и секако кон бисерот на градот-Охридското езеро. Од престижниот „Sky Corner“-хотелот кој има шмек, стил, елегантност и исклучителна атрактивност, што му дава „душа“ на Охрид, порачуваат: Во Недела ве покануваме на еднa поинаква дневна забава во SkyCornerBar 5th floor!
BBQ RIBS, BURGERS и FANKFURTER HOT DOGS зготвени во живо и сето тоа залиено со Jack Daniel’s коктели! За музичкиот дел е задолжен DJ CHVARE – Skopje!

„Sky Corner“ е љубов на прв поглед, уникатен ,со неповторлив амбиент, освојува и плени со прекрасниот и топол ентериер, со единствениот дизајн и со внимателно одбраните бои и нијанси на мебелот и секако, со луксузните сместувачки апартмани. „Sky Corner“ нуди бренд на производи, ексклузивна француска кујна и француски колачи,четири солени соби за масажа, центар за убавина и многу други новини кои ги својуваат гостите.
„Sky Corner“ дефинитивно донесе раскош, вистински квалитет и освежување меѓу хотелско-угостителските објекти во градот. Бидете дел од прекрасната приказна за охридскиот преубав „Sky Corner“.
