Градејќи зграда во „Охридати“ си го присвоиле и патот

Градејќи на приватен имот го узурпирале  патот и ги оштетиле соседните згради.

Случајот е во населбата „Охридати“ во Охрид.  Жителите се жалат  дека инвеститорот ги  узурпирал и  патот и тротоарот, со што им е оневозможен нормален  пристап до домовите.

Стравуваат дека до зградите не може да пристигне ниту Брза помош, ниту Противпожарно возило. Згора на сето тоа не се чуствуваат безбедни, бидејќи додека се гради новата  зграда од градежните зафати и ископини  им испукале ѕидовите на  околните згради.

За целата ситуација ја информирале локалната самоуправа, доставиле и петиција до грвиот човек на градот бараат    формирање на  комисија,  која ќе се заложи за решавање на проблемот.  

-„Имаме  доставено  петиција  од пред неколку дена но немаме никаков одговор . Петицијата ја имаат потпишано повеќе од  25 лица сопственици на станови од населбата Охридати . со што сакаме да кажеме дека патот , кој што  се изрузпира бараме да се пресипита легалноста дали е тоа на законит начин одземено за проширување на градежната парцела. 0348 Арматурите шипки се до самиот тротоар се прави како кинески ѕид. Локацијата се зголемува од 104 квадрати на 250 квадрати сега. Тоа е ненормално нигде во светото не се узурпира пат за да се зголеми нечија приватна локација“, вели жител од соседните згради.

Според жителите новата станбена зграда во изградба , се изведува непрописно,  односно со поголем габарит од предвидениот. Станбениот објект се поширил за стотина квадрати. Поблемот има и урбанистички карактер. Според првичниот урбанистичкиот план на овој потег не се предвидени објекти со голем габарит, поради близината на кејот и езерото.

– „Објектот кој што се гради до нас е зголемен, проширен  во габарит што не дозволуваат  пропистите таква зголеменост спрема квадратурата на парцелата  а од градежен апсект вистина има начин да се фундира но од ова шо го гледаме дека не еправилно испроектирано. Стравуваме бидејќи се црпи вода нон стоп ние знаеме дека ова беше блато ако се црпи вода нон стоп се измиваат најфините четици од почвата се прават канали и може да има поголеми штети“,   вели вели Василка Чауле инжинер во пензија, воедно сопственик на стан во приземје.

Од општина Охрид информираат  дека инвеститорот ги имал  целокупната документација за изведување градежни работи во согласност со законските прописи и поседувал  правосилно одобрение за градба. После поплаките и петицијата  на граѓаните,  надлежните општински служби  извршиле  увид на терен во неколку наврати., но не констатирале пропусти.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани