Утре богослужба во Лакочереј по повод „Свети Лука“.
Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31. oктомври 2019 (четврток), во манастирот „Св. Спас“ горно Лакочереј – Охрид, по повод празникот „св.ап. и ев. Лука и св. Константин Кавасила“, со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе биде ракоположен во свештенички чин на ѓаконот Оливер Новески.
На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.
