Охрид ќе ја добие првата катна гаража, најави првиот човек на градот.
Според градоначалникот Константин Георгиески објектот, кој се очекува да го реши сообрајќајниот хаос и проблемот со паркирањето , ќе се гради кај градскиот пазар.
Физибилити студијата е готова, гаражата ќе се гради по пат на јавно приватно партнерство.
– За да се изгради катната гаража се работи на експропријација а потоа ќе се пристапи кон оглас за јавно приватно партнерство. Физибилити студијата за гаражата е веќе завршена и сметаме дека јавното приватно партнерство е најповолен начин. Ќе ја завржиме постапката за експропријација на тие деведесет квадрати змејиште и да го објавиме огласот“, вели градоначалникот Константин Георгиески.
