За Митровден богослужба во Свети Георгиј Струга.
Дебарско кичевската епархија ги известува своите верници дека на ден 8. ноември 2019 година (петок), во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ – Струга, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. вмч. Димитриј Солунски – Митровден“ со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
