8 ми Ноември е светол ден за Струга- Денот на ослободување на градот.
Ноќта помеѓу 6 и 7 Ноември НО војска ги завзеде своите позиции и околку 4 и 45 минути ги нападна Германските единци. Тој напад германските едниници не можеа да го издржат и почнаа да се повлекуваат од Охрид преку Струга за да заминат за Албанија.
Денес Струга ќе го одбележи овој анстан со повеќе манифестации органнизирани од страна на Општината и Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антфашистичката војна во Македонија.
