ВМРО: Се објавуваат огласи за вработување, а нема столче во општините

Се објавуваат огласи за вработување, а нема столче во општините, стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ Струга, по повод објавениот  оглас за вработување на 30 лица во општината. 

-„Се прашуваме, како објавивте оглас за нови вработувања, а во последниот извештај на ревизорите, заклучено е дека општината нема финансии бидејќи сметката е веќе подолго време блокирана!?
На само неколку месеци пред Парламентарните избори, објавувате огласи за вработување, а во општината немате доволно столчиња за сите. Зарем толку се исплашивте, па сега последна сламка за спас ви е да ја пренатрупате општината, со цел да изнудите повеќе гласови на претстојните избори?
Со вакво темпо, коалицијата СДСМ – ДУИ ја носи општината во банкрот и тотален колапс!
Апелираме, Јавното обвинителство да отвори случај и добро да ги разгледа извештаите од ревизорите и нивните препораки дека општината е во финансиски колапс!
Мора да се понесе одговорност затоа што тоа се пари од сите жители на град Струга, а не на поединци блиски до СДСМ и ДУИ!“, стои во писмената реакција на ОК ВМРО ДПМНЕ Струга. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани