Во Охрид денеска ќе се одржи 9 – та сесија на Мешовитата македонско-руска меѓувладина комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка.
Комисијата, која се реактивира по период од пет години, ќе ги разгледа можностите за унапредување на економските и трговските односи, кои во моментов, според заедничката оценка на двете земји, се на многу ниско ниво.
Според добрите познавачи потенцијалите за соработка речиси воопшто не се искористени. Податоците за размената покажуваат извесно зголемување, но далеку под можностите.
Енергетиката, гасификацијата, транспортот, земјоделството и туризмот остануваат, нагласи, клучни сектори за интензивирање на партнерството, но соработката ќе се проширува и во други сфери. За таа цел е договорено и формирање работни групи.
