Ново сообраќајно решение за раскрсницата кај Комерцијална банка во Охрид.
Општина Охрид пристапи кон решавање на проблемот на крстосницата помеѓу улиците “Јане Сандански” и ” Партизанска” каде што години наназад се забележуваат зачестени сообраќајни незгоди.
Согласно проектите изработени со микросимулација на движењето на овој дел, ова е времено решение на проблемот.
Во текот на наредниот период ќе се следи состојбата на оваа крстосница по однос на безбедноста и доколку е потребно ќе се превземат дополнителни мерки, информира првиот човек на градот Константин Георгиески.
.jpg)
.jpg)
