Обезбеден нов заем во износ од 163 милиони евра ( 180 милиони долари ) за изградба на автопатот Кичево- Охрид.
Собраниската комисија за финансирање и буџет вчера ја усвои предлог одлуката за нов заем од кинеска Експорт-Импорт банка во висина од 180 милиони евра, со што цената на изградбата на овој капитален проект надмина рекордни половина милијарда евра.
Кредитот е со рок на отплата од 20 години со вклучен гресј период од 5 години. Каматната стапка е фиксна и ќе изнесува 2 проценти.
Иако првично се предвидуваше да изнесува 400 милиони евра, сега со новиот заем делницата од Кичево до Охрди долга околу 60 километри ќе чини повеќе од половина милијарда евра.
Со новото продолжување на рокот, треба да биде готова до средината на идното лето.
Во 2014 година, кога започна изградбата на 57-километри долгата автопатската делница, истата се проценуваше на околу 360 милиони евра. Но поради сериозни пропусти во трасирањето и проектирањето истата значително ќе ги надмине првичните проекции.
