Тракторист загина во несреќен случај

Трагичниот настан се случил во Ливоишта.

На 19.11.2019 околу 13.15 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош било пријавено е дека во атар на охридското село Ливоишта во несреќен случај животот го загубил С.К.(49) од истото село.
Според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, „полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки било констатирано дека околу 13 часот, додека обработувал нива со трактор, изгубил контрола по што тракторот се превртел. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани