Тешко повреден во сообраќајка кај Струга

44 годишниот возач е во специјалната болница „Св.Еразмо“.

Синоќа, во 22.55 часот на кружниот тек на влез во Струга, патничко моторно возило „мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, управувано од К.А.(44) од Охрид, излетало од коловозот.
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“- Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од полициската станица Струга, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид..

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани