Чешкиот амбасадор го посети Охрид

Во рамките на посетата амбасадорот се сретна со охридскиот градоначалник.

Градоначалникот Константин Георгиески, денес оствари средба со амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Томан. Чешкиот амбасадор пројави голем интерес за зголемување на соработката во областа на туризмот и културата, помеѓу Охрид и Чешка. Амбасадорот Томан изрази подготвеност амбасадата да учествува во промотивните активности на локалната самоуправа, со цел, доближување на Охрид како туристичка дестинација до чешките граѓани. На средбата се разговараше и за културен настан, односно можноста во Охридскиот театар да гостува театарска група од Чешка со претстава на Вацлав Хавел, со која годинава се одбележува 30 – годишнината од воспоставување на чешката демократија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани