Моторциклист настрада во сообраќајка во Охрид

Моторциклистот итно бил префрлен во болницата „Св.Еразмо“.

Вчера попладне во 16.25 часот на ул.„Андреа Јованоски“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „лада“, со охридски регистарски ознаки, управувано од З.З.(55) од Струга и мопед „баотиан“, со охридски регистарски ознаки, управуван од Б.П.(29) од Охрид.
Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, „во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид“.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани