Голема тепачка пред казино во Охрид

Шест млади момчиња се степале, сите биле приведени.

Рано утрово околу 03 часот, пред казино на улицата „Партизанска“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу П.Б.(19), Д.А.(26), Н.П.(25) сите од Охрид, од една и Н.Н.(21) од селото Песочани, општина Дебарца, С.Н.(22) и Д.О.((22) од охридското село Лескоец, од друга страна.
Нарушителите се приведени и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски..

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани