Во 3:55 часот утрово силен земјотрес ги вознемири граѓаните на централна и западна Македонија.
Според првичните информации земјотресот со магнитуда од 6.3 степени се случил во епицентралното подрачје на Драч Албанија, кај местото Воре.
Земјотресот предизвика паника низ градовите Скопје, Терово, Гостивар, Охрид, Струга, Битола….Според искази на очевидци земјотресот бил долг околу 20 тина секунди.
