Многу „финти“ за Мерцедес

Автори на финтите била 4 члена група.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Г.М.(46) и Х.Ф.(47), двајцата од Гостивар, како и против Л.К.(43) од Струга и Р.А.(56) од струшкото село Радолишта поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување на деловни книги“, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.
Првопријавениот, изготвил лажна исправа – странски купопродажен договор за продажба на патничко возило „мерцедес“ и го фалсификувал потписот на продавачот со лажен датум. Второпријавениот, иако знаел дека договорот е лажен, го потпишал и го заверил на нотар, а третопријавениот на сопственикот на возилото му обезбедил хомологација и целосна документација. Четвртопријавениот, иако знаел дека се работи за фалсификувани документите, ги употребил при регистрација на возилото во царинска испостава и во Управните служби во Струга, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид..

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани