Напаѓачите се 19 и 26 годишни момчиња, несфатливо е како кренале рака на полицајци во униформа.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.С.(19) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ и против Н.Ј.(26) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице во вршење работи од безбедноста“. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека пријавените кривичните дела ги сториле на 19.10.2019 во 22.10 часот на ракометен натпревар во Струга.
-Првопријавениот агресивно се однесувал и ги навредувал полициските службеници, додека второпријавениот се обидел физички да ги нападне полициските службеници и да ги спречи во преземањето на службените дејствија, соопшти портпаролот Димоски.

