Оружје и муниција пронајдени во куќа во струшко

Полицијата поднесе кривична пријава против 53 годишник од Долна Белица.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.Л.(53) од селото Долна Белица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 19.07.2019 полициски службеници извршиле претрес во дом на пријавениот, при што пронашле ловна пушка и 87 парчиња муниција од различен калибар, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани