Општинската администрација на чело со градоначалникот го „светнаа“ Охрид

Градоначалникот, Константин Георгиески заедно со општинската администрација претпладнево се вклучи во акцијата  за чистење на отпад и разубавување на животната средина.

Градоначалникот чистеше на локација во населбата Св. Стефан во крајбрежниот дел. Денеска на различни локации во Охрид чистеа и вработените во охридските јавни претпријатија.

Акцијата за чистење   се спроведува во сите општини на територијата на државава со цел подигање на јавната свест за заштита на животната средина.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани