Густата магла која го покри Скопје и околината, ги откажа сите полетувања и слетувања на меѓународниот аеродром Скопје.
Дел од летовите се пренасочуваат кон околните аеродроми, а дел се откажани и ќе се реализираат кога ќе има услови за летање.
Намалена видливост има на неколку патни правци, а на скопскиот аеродром се реализирани само неколку полетувања, но ниту едно слетување.
На аеродромот во Скопје, според информациите од нивната веб страница, утринава не е реализирано ниту едно планирано слетување, а со задоцнување полетале само четири авиони на „Визер“.
