Двајцата биле приведени кај Лагадин.
Синоќа, во 18.05 часот на брегот на Охридското езеро кај населбата „Лагадин“, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода М.П.(38) и Н.Г.(28), двајцата од охридското село Пештани, поради незаконит риболов. Притоа, кај нив биле пронајдени и одземени: уловена риба охридска белвица, четири рибарски мрежи во различна големина, како и друга риболовна опрема.
–Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид..
