Жител на Љубаништа фатен со марихуана.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.К.(34) од с.Љубаништа, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 13.03.2018 во с.Љубаништа во домот на пријавениот, полициски службеници извршиле претрес, при што пронашле и одзеле марихуана.
