Кривична за стружани кои бесправно граделе.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ф.С.(68), А.С.(68) и Р.С.(67), сите од Струга. Пријавените, во текот на 2019, спротивно на Законот за градење и без одобрение за градба издадена од надлежен орган, на катарстарска парцела во Струга, извршиле бесправна надградба – шесто ниво на објект за домување.
