Тандем хакери од Прилеп и Штип преземале фотки од охриѓанец.
Охридската полиција, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.П.(34) од Прилеп и А.С.(55) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“.
–Тие, на 31.08.2019 а потоа и на 01.09.2019 година, неовластено, од ,,Instagram“ профил, сопственост на вработен во Шумска полиција, презеле фотографии и ги поставиле на социјалната мрежа ,Facebook“ постирајќи недолични содржини и коментари, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

