Двајцата претепале 23 годишно момче и тешко го повредиле.
Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против И.Т.(36) од Скопје и К.Т.(35) од струшкото село Калишта, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“.
–Тие, на 13.11.2019 година, во кафетерија на бензиска станица во Струга, физички го нападнале Х.Н.(23) од Охрид, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид..
