Тие се расправале во казино во Струга а завршиле во полиција.
На 24.12.2019 во Полициската станица Струга било пријавено дека во казино на улица „Маршал Тито“ во Струга бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна расправија помеѓу К.С.(32) и Е.К.(43), двајцата од струшкото село Боровец, кои биле под дејство на алкохол.
Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид вели дека „двајцата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“.
