Денеска , во охридската дискотека Арена со почеток во 12 часот ќе се одржи хуманитарна забава „Од срце за Тачо“ со над 20 Јутубери и Тиктокери од Македонија.

Цената на влезниците ќе биде 50 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за лекување на охриѓанецот Трајан Целески Тачо.
Многу забава, пеење, дружење и низа атрактивни игри и изненадувања за најмладите. Бидете дел од големата хуманитарна забава за помош на нашиот Тачо!
