Втор Новогодишен базар во Охрид

Хотел ,,Силекс” од Охрид и оваа година широко ги отвори вратите за Охридските ракотворци кој своите уникатни производи ќе имаат можност да ги презентираат и понудат за продажба на странските туристи кој за време на новогодишните празници ќе престојуваат на Охридското крајбрежје.

На Новогодишниот базар ќе учествуваат 15 уметници – ракотворци со најразлични производи од кожа, волна, стакло, бакар, бисер и од други природни материјали. Мината година овој базар се одржа за прв пат и се покажа како успешен. Оваа година во рамки на Новогодишниот базар, хотел,, Силекс” организира и дополнителна програмска содржина за најмладите, а тоа е куклената претстава ,, Новогодишен подарок” проект на куклениот театар што работи во рамки на здружението ,,Тактус” и Музичкото катче од Охрид. Влезот за претставата е бесплатен, подарок за сите дечиња кој имаат желба да уживаат во предновогодишната ноќ во прекрасниот амбиент на хотел,, Силекс”.

– Новогодишниот базар значи промоција пред странските туристи на Охридски производи, значи продажба на автентични сувенири, го збогатува целокупниот празничен амбиент на хотелот и воедно ги анимира гостите од хотелот и сите други гости кој престојуваат во околните хотели. За време на базарот оваа година одлучивме да организираме забава за нашите најмлади гости, куклена театарска претстава а и за сите дечиња од градот кој со своите родители ќе го посетат базарот на 30 Декември во 18,00 часот– изјави Јован Китрозоски од секторот за маркетинг на хотел,, Силекс”.

Со ваквата понуда овој хотелски бренд само ги потврдува своите вложувања и залагања во креирањето на нови туристички производи и несекојдневни понуди.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани