Работел во дворот, паднал и починал

Трагичниот настан се случил во селото Лабуништа.

На 28.12.2019 гoдинаоколу 13:00 часот, во полициското одделение Велешта, пријавено е дека во Медицинскиот центар во Вевчани, со тешки телесни повреди е донесен М.М.(51) одструшкото село Лабуништа кој поради сериозни повреди бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид а потоа, со медицинско возило е транспортиран за Ургентенцентар во Скопје. Во тек на транспортот, тој им подлегнал на повредите.
По преземени мерки, утврдено е дека М.М. изведувал градежни работи во двор одсемејната куќа во Лабуништа при што паднал од висина. По наредба на Јавен обвинител, извршена е обдкција и притоа, не се утврдени траги на насилство, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид..

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани