Подгорчани конечно ќе добијат филтер за прочистување на вода

Вчера 30-12-2019 се одржа 36та седница на советот на општина Струга на која беше изгласан буџетот на општина Струга за 2020г.

На барање на независниот кандидат Башким Кариманоски буџетот беше надополнет со барање за изградба на филтер за прочистување на вода кој е неопходен за нормално функционирање на водоводниот систем во подгорци и целосно снабдување на населбата до битка вода.

-“Почитуван градоначалник, почитуван претседател, почитувани колеги советници, почитувани преставници на медиумите и останати гости Јас имам едно надополнување на буџетот за 2020г а се работи за филтерот за прочистување на вода во мојата населба Подгорци која долги години е предмет само на празни ветувања на сите политички субјекти Ние Подгорчани постојано доставувавме барања во форма на готов проект до сите институции но досега нитуедна институција немаше слух за нашата потреба Се надевам дека ќе имате разбирање и ќе ме поддржите во ова мое барање и конечно да го реализираме овој многу важен проект за мојата населба ви благодарам” , предложи Кариманоски. 

Предлогот беше поддржан од градоначалникот и советот на општина Струга.

Советникот Башким Кариманоски изјави дека е задоволен од прифаќањето на на неговото барање и се надева дека во во текот на 2020 г ке биде пуштен во употреба овај многу важен филтер за Подгорци

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани