Агресивен стружанец кршел на бензиска пумпа

Агресивен стружанец кршел и викал на безнинска пумпа. 

-На 04.01.2020 година во 04.00 часот на бензиска станица во струшкото село Драслајца, И.М.(31) од Струга, го нарушил јавниот ред и мир со карање, викање и непристојно однесување кон вработените, а потоа и со расфрлање на производи и дел од инвентарот. При обид за негово приведување, тој  се однесувал агресивно и кон полициските службеници . И.М. е лишен од слобода и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани