Пожарникарите рано утрово се бореле со пламените јазици.
Драма утрово во населбата „Далјан“ , избувнал пожар во куќа и пеплосал цел кров. Денеска во 03,30 часот, во СВР Охрид пријавен е пожар во викенд куќа во населбата „Далјан“, сопственост на С.М.(62) од Скопје.
–Од извршениот увид, констатирано е дека пожарот се појавил во оџакот при што, што изгорела кровната конструкција. Интервенирала Противпожарната единица од Охрид, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид..
