Пожарот избувнал во куќа во Радолишта.
Зачестија пожарите по куќи во охридско-струшкиот регион, најверојатно поради нефункционален оџак. Благодарение на брзата интервенција на струшките пожарникари, избегната е трагедија и целосно опожарување на куќа во струшкото село Радолишта. Во 20.45 часот во полициската станица Струга било пријавено дека настанал пожар во куќата сопственост на С.Д.(29) во селото Радолишта, при што била зафатена една соба. Интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Струга која го изгаснала пожарот.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски вели дека за среќа нема повредени лица а увид извршила полициска екипа.
