Белата чума „коси“, се намалува наталитетот

Белата чума непрестано коси. 69 бебиња  се родиле во  седум дена. Скопска Гинекологија брои 15 деца помалку во споредба со истиот период лани.

 Во текот на празниците, имало вкупно 39 женски и 30 машки новороденчиња.

Статистиката на ниво на целата земја со години покажува загрижувачки податоци. .

Во период од само две години, во земјава бројката на живородени деца е намалена за повеќе од 1.600, а на ниво на државата во првото тромесечје од годината е регистриран негативен природен прираст, што значи дека борјот на живоредени деца е помал од бројот на починати лица, објави МТВ. 

Според објавените податоци, во градските средини се родени повеќе деца отколку во селските средини. По региони, најголемо учество во вкупниот бој раѓања има скопскиот регион, а најмало источниот регион.

Во Охрид постојано се намалуваа бројот на живородени деца, односно природниот прираст е со негативн предзнак. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани