Се најавуваат нови 2-3 чартери неделно од Измир до Скопје и Измир-Охрид со аранжмани за повеќе денови, со што очекуваме да се зголеми бројот на ноќевања и просечен престој на турските туристи во нашава земја,информираат од Агенцијата за туризам.
Во фокус е продолжување на сезоната, а најавени се четири чартера неделно од мај до октомври. Точки на интерес за турските посетители остануваат културата, традицијата, историјата, Охрид, Скопје и се повеќе Националните паркови.
Директорот Љупчо Јаневски оствари средби со градоначалникот на Измир – Tunç Soyer и гувернерот на Измир – Erol Ayyildiz. На средбата со ТУРСАБ се разговараше за продолжување на успешната соработка со организирање на информативни патувања и најави за отпочнување на нови летови.

Директорт Јаневски генерално очекува добра сезона кога е турскиот пазар во прашање со скок од 5% до 7% во 2020 година. Претставниците од АППТ остваруваат средби со туроператори од Турција, Кина, Малезија, Хрватска, Иран, Канада и Индија, со што се зголемува радиусот на интерес од различни туристички пазари.
