Полицајците пронашле околу 5 килограми марихуана.
По акцијата, СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.М.(23), А.Н.(35), двајцата од Битола и Т.Ј.(44) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
–На седми овој месец, во 02.10 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај депонијата „Буково“, полициски службеници сопреле патнички автомобил со кој се превезувале пријавените и при извршен преглед пронајдена и одземена е една вреќа со 4574 грама опојна дрога марихуана, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Фото: Архива Ohridnet.com
