И Јапонците „ќе слушнат“ за охридскиот бисер на Филеви

Јапонската Национална ТВ снимаше документарец за Охрид и охридскиот бисер.

 

Познатиот изработувач на оригиналн охридски бисери со задоволство им ја раскажа вековната приказна на тимот новинари и сниматели од Јапонија.

 

-„Чест  и посебно  задоволство ни представуваше  посетата на драгите пријатели од Јапонија. Тие не посетија во  Музејот на Охридскиот Бисер Филеви .Со нашата традиција и презентација на дел од изработката на овој редок занает,овозмозивме да додадеме една светла боја во богатиот Македонски Културен спектар“, вели Филев. 

Како и секогаш надалеку познатиот љубезен домаќин гостите ги испрати со вредни подароци за спомен од неповторливиот Охрид. Ова е само уште една во низата  промоции на Филев ширум светот.

 

На овој начин Охрид ќе се промовира во Јапонија од каде со задоволство се очекуваат туристи. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани