Богојавление Водици е најголеиот празник за Охрид и охриѓани.
Балканскиот Ерусалим , како многумина милуваат да го нарекуваат , за овој голем празник е центар на православието. Во неповторливиот Охрид дефинитивно се случува најмасовната – највеличествена црковно народна манифестација во земјава. По традицијата пренесувана од колено на колено, од дамнешни времиња, верниците се капат во ладните езерски Пливаат и го бараат Светиот крст, кој во водата тоне и е исклучително тешко да се најде.
Покрај охриѓани, последниве години во величествената прослава на празникот им се придружуваат верници и од други градови од земјава, но и од странство…
Глетката е возвишена…… десетици илјади верници се распослани на градскиот плоштад и кејот за да го следат осветувањето на езерските води. Верници и многу туристи од земјава но и од регионот претежно од Србија и Бугарија ги искористуваат дампинг цените на хотелиерите, кој традиционално се нудат за празникот. Гдинава ноќевање се нуди за само 15 евра.
Слават и угостителите. Во сите ресторани и кафулиња, но и на штандови бесплатно се дели греана домашна ракија за да ги згреат капачите но и бројните посетители на овој свет чин.
Иако водите на Охридскито езеро на овој зимски празник се студени, годинава температурата е околу 6,5 степени , се верува дека од ладните езерски води на овој празник никој не смрзнал, не настинал не се разболел.
Охрид Богојавление го празнува со посебен пиетет, ова е еден од најголемите верски празници. Охригани после строгиот пост на Водокрст уште од рани зори одат на молитва во црква. Православните храмови се исполнети, а потоа сите со радост во литија предводена од Владиката со светиот крст се упатуваат на градското пристаниште.
Долга е традицијата на осветување на водите на Охридското езеро. Постарите љубат да кажат од памти век. Таа се случувала и во годините кога тоа било забрането, скришно без црковна литија се фрлал крстот и се одбележувал големиот празник.
Речиси нема охриѓанец кој не ја знае црковната песна „Во Јордание“.
Светиот крст во Охридското езеро се положува во 10 часот. Најчесто тоа го прави Владиката Тимтеј. После третото пеење на црковната песна „Во Јордание“ посветена на Исусовото крштевање во реката Јордан се осветуваат водте на Охридското езеро.
Среќниот фаќач на крстот го дарува црквата и општина Охрид.
Според обичаите тој со неговата тајфа и крстот ги посетува охридските домови, а домакините ги даруваат со пари.
Верниците по завршувањето на светиот чин се мијат со езерската вода , голем дел од нив се капат за зравје….. мир и среќа. Се полни и вода, која се смета за света и се носи дома.
Верниците се поздравуваат со Бог се јави! Навистина се јави!
Денес Водици е бренд на градот Охрид, најголем празник. Па затоа се вели Кај и да си, за Водици Охрид да си!
Годинава во рамки на програмата за одбележување на големиот христијански празник Богојавление-Водици, Општина Охрид организира голем концерт на балканската музичка ѕвезда Петар Грашо, кој ќе се одржи во пресрет на празникот на 18-ти јануари со почеток во 20 часот на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.
На 19-ти јануари на денот на празникот, со почеток во 10 часот на Градското пристаниште ќе се одржи голем црковно-народен собир по повод Богојавленскиот водосвет и традиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро.
Во насока на збогатување на содржините за гостите, на 20-ти јануари во рамки на манифестацијата Денот на рибарите, на празникот Свети Јован Крстител, на Градскиот плоштад со почеток во 12 часот ќе се одржи концерт на македонската фолк ѕвезда Миле Кузманоски.
Соња Рилковска
