Јапонската Национална ТВ снимаше документарец за Охрид и охридскиот бисер.
Познатиот изработувач на оригиналн охридски бисери со задоволство им ја раскажа вековната приказна на тимот новинари и сниматели од Јапонија.
.jpg)
-„Чест и посебно задоволство ни представуваше посетата на драгите пријатели од Јапонија. Тие не посетија во Музејот на Охридскиот Бисер Филеви .Со нашата традиција и презентација на дел од изработката на овој редок занает,овозмозивме да додадеме една светла боја во богатиот Македонски Културен спектар“, вели Филев.
.jpg)
Како и секогаш надалеку познатиот љубезен домаќин гостите ги испрати со вредни подароци за спомен од неповторливиот Охрид. Ова е само уште една во низата промоции на Филев ширум светот.
На овој начин Охрид ќе се промовира во Јапонија од каде со задоволство се очекуваат туристи.
.jpg)
